Фудбал
ВИДЕО: Замената за Лукаку пристигна во Милано, лекарски прегледи, па потпис
Ромели Лукаку е во Лондон, попладнево треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор со Челзи. Во, Милано, пак пристигна неговата замена во нападот на Интер. Тоа е репрезентативецот на БиХ, Един Џеко кој доаѓа од Рома. Џеко пристигна во седиштето на Интер, треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа да потпише договор. Според италијанските медиуми тоа ќе биде двегодишна соработка, а напаѓачот ќе добие 5 милиони евра по сезона. Рома ќе добие 2 милиони евра на име на обештетување за 35-годишниот напаѓач кој имаше договор уште една сезона со тимот од Рим.
Видеото од пристигнувањето на Џеко во Милано на следниот ЛИНК.