Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Зидан по шокантната елиминација-Ова не е срам, ова е фудбал

Зинедин Зидан даде интересна изјава по елиминацијата на неговиот тим од третолигаш во Купот на Кралот. Беше прашан и за неговата позиција како тренер, а тој одговори дека по секој пораз се разговара на таа тема. Како што вели, ја презема целосно одговорноста и дека е целосно смирен.

Сепак, додава дека ова не било срам, туку ова било фудбал, а во фудбалот ваквите изненадувања се случуваат.

-Ова е фудбал, ова не е срам. Игравме против третолигаш, требаше да го добиеме мечот, но на крајот не испадна така. За мене ова не е срам, може да се случи вакво нешто во фудбалот. Вакви работи се случуваат во кариерите на фудбалерите и не е ништо ново, изјави Зидан.