Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Знаеме дека Меси се шета на теренот за да се штеди, но ова видео навистина изгледа тажно

Како резултат на тоа, Меси беше принуден да го напушти „Камп Ноу“ и реши да потпише двегодишен договор со ПСЖ.

Многумина очекуваа спектакуларни партии од ПСЖ по доаѓањето на Лионел Меси, на Хакими, на Рамос, бидејќи имаат навистина неверојатен тим, но на теренот не им оди така „мазно“ како што очекуваа.

Меси се уште се мачи да се прилагоди на новиот тим, а видеото од последниот натпревар против Лил изгледа навистина тажно.

Познато е дека Меси шета низ теренот во добар дел од играта и не помага премногу во одбраната, но тоа го прави за да заштеди сили за напади во кои е навистина многу опасен.

Но, на мечот против Лил во една акција тој едноставно застана во место и изгледаше целосно изгубено на теренот. На многумина им е жал што го гледаат Меси во ова издание, а како што сега стојат работите изгледа дека заминувањето во ПСЖ не беше најдобриот потег за него.