Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Знамето на Израел предизвика „неред“ – Мароканците се обидоа да го одземат

Мароканците по вчерашниот пораз од Португалија во 2. коло од групата Б останаа без шанси за пласман меѓу 16 најдобри на Мундијалот, а средбата на „Лужники Арена“ не помина без проблеми на трибините.

Имено, во еден момент дојде до турканица на трибината каде беа сместени навивачите на Мароко, а сето тоа поради двајца навивачи кои беа тука со обележјата на Израел.

Позната е повеќедецениската нетрпеливост помеѓу голем дел од арапските земји и Израел, а навивачите на Мароко, појавувањето на двата навивачи со знамето на Израел на „Лужники“ го видоа како провокација, па дојде до мала турканица

Имено, неколку навивачи на Мароко се обидоа да ги одземат знамињата од навивачите кои ги донесоа, но за среќа, се помина без поголеми инциденти.