Фудбал
ВИДЕО: „Ѕверот“ пристигна во Барселона, медицински прегледи, па следува потпис
Барселона се активираше во финишот на преодниот рок, па успеа да ангажира шпански репрезентативец кој ќе го засили офанзивниот дел, со што се поизвесно е дека Усман Дембеле е поранешен каталонски играч.
Адама Траоре доаѓа на позајмица од Вулверхемптон и денеска е пречекан во Барселона. Тој пристигна во придружба на агент со скап автомобил, а беше пречекан од бројни шпански новинари.
Adama Traoré in Barcelona in order to complete his move from Wolves. €30m buy option clause included, not mandatory. ?? #FCB
?⤵️ @victor_nahe x Cope pic.twitter.com/tWYBf3TbxC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 28, 2022
Откако ќе ги мине лекарските прегледи, ќе потпише договор за позајмица со шпанскиот гигант. Постои можност Барселона на крајот од сезоната да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра, но тоа не е задолжително.
Инаку, Адама Траоре веќе играше за Барселона од 2013-та до 2015-та, но немаше забележителна минутажа. Траоре потекнува од „Ла Масиа“, фудбалската школа на Барселона. Поради физичкиот изглед и мускулите го нерекуваат „ѕверот“ или „најсилниот фудбалер“.
Во меѓувреме, објавено е дека е испратена официјална позајмица до Арсенал од Барселона за Пјер-Емерик Обамејанг. Каталонците го сакаат и на позајмица, а официјална понуда испрати и Јувентус.
Оваа зима Барселона веќе го ангажираше Феран Торес (21) од Манчестер Сити за 55 милиони евра, додека одбраната ја засили Дани Алвеш (38), поранешен играч на Барса кој дојде како слободен играч. Филипе Кутињо го напушти клубот, позајмен во Астон Вила, Јусауф Демир беше вратен во виенски Рапид, Серхио Агуеро ја заврши кариерата, додека Алекс Коладо беше позајмен во Гранада.