Connect with us

Фудбал

Видиќ признава: Со Дрогба се борев 90 минути

Некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед Немања Видиќ откри дека во Англија најтешко му било во дуелите со Дидие Дрогба.

Видиќ и Дрогба водеа големи битки во Премиер лигата, а Видиќ го прашаа дали најтешко му беше да ига против Фернандо Торес.

„Многу потешко е со Дрогба, со него се борев 90 минути. Физички е надмоќен, а кога техниката е во прашање, Суарез и Агуеро се двата најдобри играчи против кои сум играл“, рече Видиќ, кој вчера го прослави својот 37. роденден.

Видиќ со Јунајтед во осум години освои пет титули шампион на Англија и една титула во Лигата на шампионите. Крај на кариерата стави во 2016. година, а последен клуб за кај настапуваше беше Интер.

Во Јунајтед се пресели во јануари 2006. година и со својата борбеноста ги освои симпатиите на навивачите на еден од најголемите клубови во светот.