Connect with us

Фудбал

Виера е новиот тренер на Ница

Некогашниот капитен на Арсенал, Патрик Виера од следната сезона ќе работи со францускиот клуб.

Бившиот играч на Манчестер Сити, Интер и Јувентус моментално е тренер во МЛС, на Њујорк Сити, а се спомнувал како можен наследник на Арсен Венгер, но на крајот тој ќе патува во Франција.

Виера во наредната сезона ќе седна на клупата на Ница, која во изминатата сезона заврши на осмата позиција на табелата и за еден бод остана без пласман во Европа.

Виера се заблагодари на раководството на Њујорк Сити и кажа дека нема да му биди едноставно да го напушти тој град, но очигледно посакал „сериозен“ тренерски ангажман и предизвик во Европа.

Тој во Ница ќе го наследи 60-годишниот Луцијан Фавер кој од Ница премина во Борусија Дортмунд.