Фудбал
Вијналдум одби договор со „црвените“, познато е во кој клуб ја продолжува кариерата
Холандскиот репрезентативец Георгинио Вијанлдум не сака да ја продолжи соработката со Ливерпул и кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
30-годишниот играч за врска станува слободен играч на лето, а Ливерпул се обиде да го зачува со нов договор половина година порано. Тој одби, за на крајот на сезоната да го носи дресот на Барселона како слободен агент.
По пристигнувањето на Камп Ноу, Роналд Куман инсистираше на Вијналдум, но на крајот сите сфатија дека е најдобро да се почека до крајот на сезоната и Вијналдум да се приклучи во редовите на еден од најтрофејните тимови во светот.
Јирген Клоп се надеваше дека Вијналдум ќе се согласи на нов договор, но играчот беше подготвен да ја одбие секоја можност да остане од самиот почеток.
Тој пристигна во Ливерпул летото 2016 година од Њукасл, а оваа сезона одигра 17 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.