Connect with us

Фудбал

Викендов ни носи многу дербија: Јуве – Милан и Сити – Јунајтед во центарот на вниманието

Во викендот кој е пред нас ќе имаме шанса да погледнеме неколку интересни фудбалски натпревари.

Со оглед на тоа што следува репрезентативната пауза, веројатно многумина љубители на фудбалот ќе остнат приковани за ТВ екраните ќе гледаат по некое дерби кои се пред нас.

Интересениот програм во „Лига пет“ започнува уште утре кога во рамки на 11. коло од Бундеслигата ќе се сретнат Борусаија Дортмунд и Баерн Минхен.

Борусија моментално е лидер на табелата со 24 бодови,додека Баерн е четврт со четири бодови помалку. Сигурно дека екипата на Нико Коваќ ќе направи се за да оствари победа и на тој начин да излезе од кризата во која се наоѓа веќе неколку недели.

Во недела не очекуваат две големи дербија – едното во Англија, а друго во Италија. На „Етихад“ од 17.30 часот ќе се сретнат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Ова можеби ќе биде и последната шанса за екипата на Жозе Мурињо да се вклучи во борбата за титулата.

За крајот на викендот, дербито на „Сан Сиро“ во Милано. Таму ќе се сретнат старите ривали Милан и Јувентус, а „Росониерите“ ќе сторат се за да го нанесат првиот пораз на „Старата дама“ во оваа сезона од Серија А.