Connect with us

Фудбал

Виктор Мозес останува во Интер?

Во јануари Интер успеа да ја исполни желбата на тренерот Конте и да го донесе неговиот миленик Виктор Мозес на позајмица од Челзи.

Искусниот нигериски крилен фудбалер пристигна на шестмесечен заем од Челси со откупна опција од 10 милиони евра, а за „Нероазурите“ се верува дека сакаат да го задржат Мозес.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека Интер ќе го откупи договорот на Мозес од Челси, а „Сините“ наводно се подготвени и да дадат попуст.

Лондонскиот клуб, наводно, е подготвен да ја намали првичната цена за да се осигура дека Интер ќе ја искористи опцијата за купување на договорот. Инаку, договорот на Мозес со Челзи важи до 2021 година.

Мозес имаше проблем со повреда набргу по пристигнувањето во Интер, но успеа да запише седум настапи за „Нероазурите“ и да запише една асистенција.

Доколку Интер го купи Мозес, се верува дека Нигериецот ќе потпише договор со клубот до 2023 година.