Connect with us

Други спортови

Вилијамс го најави Американецот Логан Сарџент како нов возач за сезоната 2023

Вилијамс објави дека американскиот возач Логан Сарџент ќе биде дел од тимот за новата сезона во Формула 1. Досега се натпреваруваше во Формула 2.

Сарџент ќе биде првиот Американец на најпопуларната автомобилска трка по Александар Роси во 2015 година. Така, пилотот од Флорида следната сезона ќе му биде соиграч на Алекс Албон.

21-годишниот возач има 3 сезони во Формула 3 (3 победи), како и две сезони во Формула 2 (2 победи), каде што возеше за тимот на Карлин. Тој заврши четврти во дебитантскиот шампионат минатата кампања.

Facebook

Реклама