Фудбал
„Вистина е дека Алваро Мората ја одби Барселона и потпиша за Атлетико Мадрид“
Шпанскиот напаѓач Алваро Мората на почетокот на оваа година пристигна во Атлетико Мадрид како засилување од Челзи.
На Мората не му одеше баш најдобро во клубот од Лондон и одлучи да ја промени средината и да се врати во Мадрид. Но, овој пат Мората не потпиша за Реал туку за градскиот ривал Атлетико Мадрид.
Пред овој трансфер се шпекулираше дека Мората има понуда од Барселона која во јануари бараше напаѓач кој ќе биде резерва на Луис Суарез. Дека тука се водеа разговори синоќа потврди и тренерот на Барселона Ернесто Валверде.
„Вистина е дека разговаравме со Мората, но и со останати играчи. Тој потпиша за Атлетико Мадрид и игра во почетниот состав, а тоа овде немаше да се случи. Доколку дојдеше во Барселона, тогаш ќе беше резервен напаѓач“. рече Валверде.
Барселона, откако Мората потпиша за Атлетико Мадрид одлучи да го доведе Кевин-Принс Боатенг, но тоа не беше најдобриот потег на челниците на Барселона.