Connect with us

Други спортови

Вистински скандал, мечот прекинат, тенисерката понижена и „ограбена“ (ВИДЕО)

Кинеската тенисерка Жанг Шуаи доживеа вистински кошмар во Будимпешта. На мечот против унгарската тенисерка Амариша Тот при резултат 5:5  беше „ограбена“ со одземање „чист“ бод, по што настана целосен хаос. Иако се пожали на таа судиска грешка, беше игнорирана, а потоа исвиркана од публиката. Неколку минути подоцна таа се повлече од мечот поради напад на паника и призна дека во последно време имала психички проблеми, што секако не и ја олесни ситуацијата. А тука не завршија и грдите сцени, бидејќи унгарската тенисерка постапи шокантно и намерно ја избриша ознаката на линијата која покажуваше дека противничката е оштетена.

Шуаи само ги рашири рацете и не можеше да поверува што гледа, а унгарската тенисерка го сврте грбот и се преправаше дека е „луда“. Веројатно нема да видите понеспортски потег од овој во скоро време.