Connect with us

Други спортови

Владата донесе одлука: Георгиевски ќе добие награда од 30.000 евра!

Владата на добитникот на сребрениот медал Дејан Георгиевски во дисциплината теквондо на Олимписките игри во Токио ќе му  додели парична награда во висина од милион и 200.000 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски ќе  му бидат доделени 600.000 денари, информира Владата.

Владата на Република Северна Македонија на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари.

Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.