Connect with us

Фудбал

Влаховиќ бил пред трансфер во Реал Мадрид, ова е човекот поради кој тоа пропаднало?!

Шпански „АС“ пишува дека Душан Влаховиќ пред да потпише за Јувентус, бил на чекор до Реал Мадрид. Реал доставил понуда, Фиорентина била задоволна, па се согласиле нивниот најдобар играч да оди надвор од Италија. Сепак, како што пишива „АС“, Реал Мадрид во исто време доставил понуда и до Килијан Мбапе, кој ги прифатил условите. Поради тоа „Кралевите“ веднаш ја известиле Фиорентина дека се откажуваат од Влаховиќ.

Мбапе, како што е познато, одбива да го продолжи договорот со ПСЖ, а неколку угледни медиуми објавија дека по завршувањето на сезоната, кога и му истекува договорот, како слободен играч ќе се пресели во Реал Мадрид.