Connect with us

Тајмаут

Влаховиќ се огласи по шпекулациите дека имал се*с со сопругата на соиграч од Србија (ФОТО)

Србија во петок против Швајцарија го игра клучниот меч за осминафиналето. Победникот од овој дуел ќе се најде помеѓу 16-те најдобри. Како да не беше доволна самата важност на овој натпревар, па во српските медиуми се појавија шпекулации за наводен се*с скандал во српската репрезентација. Имено, тамошните медиуми објавија дека наводно напаѓачот Душан Влаховиќ спиел со сопругата на голманот на репрезентацијата Предраг Рајковиќ.

Влаховиќ, денеска со демант:

„Непотребно е било што да се зборува, но морам да реагирам и да се огласам затоа што се работи за моето име. Тоа се сериозни глупости и небулози. Очигледно такви работи измислуваат луѓе на кои ѝм е досадно и немаат што друго да прават па на тој начин ги лечат своите комплекси Тоа се луѓе кои работат против интересот на репрезентацијата. Атмосферата никогаш не била подобра, ништо не се променило“, изјави Влаховиќ.