Connect with us

Фудбал

Влаховиќ се уште се мачи со повреда, не игра ниту против Наполи?

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ се уште се бори со повредата на препоните, поради која најверојатно ќе го пропушти дерби натпреварот против Наполи на 13 јануари во Серија А, објавија италијанските медиуми.

Клубот се надеваше дека тој може да биде на располагање за натпреварот против Наполи, трет во новата година, но според Газета дело спорт Влаховиќ ќе го пропушти и тој натпревар.

Влаховиќ не тренираше со тимот откако се врати од Катар каде одигра само 79 минути и постигна еден гол на два натпревари. Српскиот репрезентативец веќе неколку месеци се мачи со оваа повреда. Последниот меч за Јувентус го одигра на 25 октомври против Бенфика, а последен пат цели 90 минути ги одигра на 15 октомври кога постигна гол во победата против Торино.