Фудбал
Влезниците за Аргентина – Италија се пуштени во продажба во Лондон
Билетите за претстојната пресметка меѓу европскиот првак Италија и победникот на Копа Америка, Аргентина ќе бидат пуштени во продажба на 24 март. Двата тима ќе се сретнат на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон, а натпреварот беше наречен „Финалисима“.
Капацитетот за натпреварот ќе биде 86 илјади гледачи, а билетите ќе се продаваат преку официјалната веб-страница на УЕФА. Цените се движат од 25 до 99 фунти.
Настанот ќе ја одбележи соработката меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ и ќе се одржи 29 години по последното издание на пресметката меѓу шампионите на Европа и Јужна Америка.