Кошарка
Во чест на Коби: Нов формат на Ол-стар натпреварот
Раководството на НБА лигата најави промени на форматот на Ол-стар натпреварот. Ол-стар викендот во НБА лигата ќе се одржи во Чикаго од 14. до 146 февруари, а челниците на најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување воведоа нов формат на главниот настан – Ол-стар натпреварот.
Првите три четвртини ќе бидат мини-натпревари, а секој период ќе стартува со почетни 0-0. Четвртата четвртина нема да има временско ограничување сè додека една од екипите не постигне потребен број на поени. Како што е наведено, потребен број на поени (FinalTargetScore) е зборот на поените кои ги освои победникот по првите три четвртини, и на истиот ќе се додадат 24, во чест на Коби.
Организациите кои беа победници на секој од првите три четвртини ќе добијат 100.000 долари. Значи, за првите три четвртини, фондот е вкупно 300.000 долари.
Победничкиот тим од целиот натпревар, екипата што стигнала до дадениот број поени, ќе заработи 200.000 долари за организацијата по избор на капитенот. Инаку капитени на двата тима се Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо.