Фудбал
Во Европа го заборавија, но тој пишува историја
Триесетитригодишниот фудбалер Кеисуке Хонда е подзаборавен во Европа. Но, сепак тој и натаму пишува историја. Јапонецот оваа зима потпиша за Ботафого и на тој начин стана првиот играч кој заиграл за клубови од пет континенти. Со вчерашниот првенец стана прв играч кој постигнал гол за клубови од Азија, Европа, Северна Америка, Австралија и Јужна Америка.
Голот за историја го постигна на дуелот против Бангу Атлетико Клуб во ремито од 1:1.
Хонда во својата кариера играше и постигнуваше голови за Сеирјо, Нагоја (Азија), Венло, ЦСКА, Милан (Европа), Пачука (Северна Америка), Мелбурн Виктори (Австралија), Ботафого (Јужна Америка).
Интересно е тоа што Хонда постигнал гол и на Африканскиот континент, но во дресотна репрезентацијата на Јапонија на СП против Камерун и Данска.