Connect with us

Фудбал

Во Интер доаѓаат тројца одлични фудбалери, за НУЛА евра!

Бепе Марота, поранешен директор на Јувентус, а сега на Интер, стана познат по тоа што знае да ангажира фудбалери кои се слободни агенти. Така правеше во Јувентус, а истото сега и во Интер. Според „Газета дело Спорт“ за следната сезона во Милано би можеле да пристигнат тројца врвни фудбалери и тоа за НУЛА евра.

Наводно Дрес Мертенс од Наполи е договорен, тој ќе дојде во Интер по завршувањето на оваа сезона и ќе потпише на две сезони.

Потоа, следниот е Томас Муние од ПСЖ, десен бек, на кој исто така му завршува договорот со францускиот тим. Третиот, исто така е дефанзивец, а станува збор за Јан Вертонген, кој со Интер се поврзуваше и во зимскиот преоден рок. Тој треба да биде замената за Диего Годин кој заминува од Милано.

Интересно е тоа што сите тројца се Белгијци, па доколку дојдат ќе има вистинска мала колонија во Интер, ако се знае дека таму ги чека Ромелу Лукаку.