Фудбал
Во Интер имаше стаклени нозе, замина и веднаш на прв меч гол за друг клуб (ВИДЕО)
Сампдорија го совлада Сасуоло со убедливи 4:0 на домашен терен. На овој меч дебитираше за домашниот тим Стефано Сенси, фудбалер на Интер, кој до крајот на сезоната ќе игра на позајмица. Не само што дебитираше, туку и постигна гол за 2:0, откако претходно Капуто го отвори резултатот. До крајот на мечот Конти и Кандрева од пенал се погрижија за убедлива победа на Сампдорија.
Инаку, Стефано Сенси го загуби првотимскиот статус во Интер по доаѓањето на Чалханоглу, пред се поради честите повреди. Интересно е тоа што Сенси, токму од Сасуоло се пресели во Интер во 2019-та година.