Connect with us

Фудбал

Во Италија ќе играат само фудбалери кои се вакцинирале против Ковид 19

Од јануари, од продолжението на сезоната, во Серија А ќе можат да играат само вакцинирани фудбалери. Оваа информација стигнува од тамошното Министерство за здравство. Новите правила значат дека фудбалерите кои немаат примено две дози вакцина или не го прележале вирусот нема да може да учествуваат во натпреварите.

-Пандемијата е многу динамична и не можеме да дозволиме да ни пропадне целиот труд кој го вложивме во претходните две години. Мораме да повлечеме јасна линија меѓу вакцинираните и оние кои се против тоа. Не смееме да заборавиме дека осум од десет луѓе кои се на интезивна нега се невакцинирани, изјави италијанскиот министер за здравство, Андреа Коста.