Connect with us

Фудбал

Во Италија над 50 позитивни фудбалери, цело следно коло се одложува?

Коронавирусот му се заканува и на италијанскиот фудбал. Веќе има 50 позитивни тестови меѓу играчите, а ситуацијата продолжува да се влошува, поради што може да биде потребно одложување на некои натпревари или дури и на целото следно коло од Серија А.

Засега ова е само хипотеза, но јасно е дека ситуацијата треба да се следи.

Денеска одлучува за иднината на натпреварот за Суперкупот на Италија, закажан за 12 јануари меѓу Интер кој го освои шампионатот и Јувентус кој минатата сезона го освои Купот на Италија.