Connect with us

Фудбал

Во Јужна Америка се е можно, па и мртов човек да постигне гол, бизарен момент во Чиле (ВИДЕО)

Бизарна ситуација е видена во Сантијаго, Чиле, каква што досега не можеше да се види на фудбалскиот терен.

Хаиме Ескандер играше за чилеанскиот Апарисион де Пајн, но за жал почина кон крајот на 2021 година. Неговите соиграчи решија да се простат со него ставајќи го неговиот ковчег на теренот на 2 јануари. Во еден момент еден од играчите ја шутна топката, која од ковчегот се одби и заврши во мрежата. Следуваше големо славје.

Така поранешниот напаѓач на Ескандер беше испратен со гол на другиот свет, а во тој момент навивачите го запалија огнометот. Други клекнаа и го гушнаа неговиот ковчег.

„Вашето наследство никогаш нема да биде заборавено“, е пораката на чилеанскиот нисколигаш.

Реклама

Facebook

Реклама