Фудбал
Во Минхен нема место за паника: Веќе е најдена замена за Левандовски
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ја вжешти атмосферата во Баерн пред неколку дена, кога преку својот агент изјави дека сака да го напушти клубот од Минхен ова лето.
Левандовски јасно призна дека е подготвен за нови предизвици во својата кариера и побара од Баерн да го стави на листата на трансфери. Нема недостаток на интерес за полскиот напаѓач, а ПСЖ, Челзи и Манчестер Јунајтед, се чини дека чекаат да го видат расплетот околу ситуацијата на Лев и Баерн.
Иако германските медиуми шпекулираа дека овој потег ги потресе лидерите на Баерн, се чини дека тоа не е токму таков случај. Престижниот „Билд“ известува дека спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ има подготвено решение ако Левандовски го напушти клубот, во тој случај ќе го доведе Тим Вернер од Лајпциг.
Овој 22-годишен напаѓач ги израдува своите игри во дресот на Лајпциг, кој го привлече интересот на многу клубови. Во Баерн, не сакаат да паничат околу Левандовски, бидејќи се свесни дека со доаѓањето на Вернер ќе добиат замена за Левандовски.