Connect with us

Фудбал

Во најава „бомба“ во Италија, „Синот на Југот“ се враќа, ама не во Наполи?!

Напаѓачот на Торонто, Лоренцо Инсиње сака да се врати во Италија и да ја продолжи својата играчка кариера во Лацио. Поради оваа причина тој веќе разговарал со тренерот на римскиот клуб, Маурицио Сари, пренесува Corriere dello Sport.


Инсиње (32) беше член на Наполи од 2010 до 2021 година и таму остави огромна трага, практично навивачите го гледаа како идол, но на почетокот на 2022 година се пресели во Торонто и го прифати повикот на пари.

Моментално е во Италија, бидејќи сезоната во МЛС заврши. Во средата Инсиње го посети тренинг центарот на Наполи и разговараше со новиот тренер на клубот од Наполи, Валтер Мацари.

Сепак, искусниот фудбалер не сака кариерата да ја продолжи во Неапол, неговиот роден град, туку во Лацио. Италијанските медиуми пренесуваат дека Инсиње го известил Сари дека е на располагање на римскиот клуб доколку има потреба. Торонто оваа сезона во МЛС ја заврши на последното место во поредокот на Источната конференција со само 22 бода. Италијанецот за Торонто одигра 33 натпревари и постигна 11 голови. Инсиње има договор со Торонто до 2026 година.