Кошарка
Во НБА се подготвува спектакуларна размена
Полека се ближи новата сезона во НБА.
Тимовите полека ги формираат своите ростери, а имаше вести дека може да се види неверојатен трејд.
Во главните улоги се ЛА Лејкерс, Јута Џез и Њу Никс, а клубовите веруваат дека трејдот би бил од корист за сите тимови.
Што точно е планот во целата приказна?
Никс би го добиле Донован Мичел, кој претходно беше баран од тимот од Њујорк.
Лејкерси би ја освежиле соблекувалната со три нови имиња и тоа: Патрик Беверли, Џордана Кларксон, Бојан Богдановиќ или Малик Бисли.
На крајот Јута би го добила Расел Вестбрук и пикови од Лејкерс и Никс.
Лејкерси имаат ужасна сезона зад себе и сакаат да ја вратат доминацијата на западот, Јута веќе има добро заокружен тим, па ќе видиме што планираат и каков став ќе имаат за трејдот, додека Никс имаат со години барав конечно да состави респектабилен тим.
Сè на сè, новата сезона во НБА може да биде исклучително возбудлива.
Почетокот на новата сезона е планиран за крајот на октомври, а по Летната лига клубовите полека ги започнуваат подготовките.