Фудбал
Во недела се игра „Дербито на Италија“, а Џорџо Кјелини со порака пред мечот со Интер
Во недела се игра „Дербито на Италија“. Јувентус му гостува на Интер, а можеби овој меч од бодовна гледна точка е многу поважен за „Старата дама“ кој заостанува зад Милан и Интер. Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини вели дека ова е многу важен, но не решавачки меч во борбата за титулата.
„Има многу да се игра, долго е првенството, ова е важен но не и решавачки натпревар за двата тима, борбата за титулата ќе биде интересна“ – изјави Кјелини.
Дербито на програмата е во недела во 20:45 часот.