Connect with us

Фудбал

Во Реал, сè уште веруваат во Азар

Белгискиот фудбалер Еден Азар пристигна во Реал во 2019 година. Тој беше донесен во Мадрид како голема ѕвезда, плановите беа да се создаде тим околу него, но неговото доаѓање се покажа како голем неуспех.

Пред да дојде во Реал, тој се истакна во Челси, беше еден од најдобрите играчи во светот, но во Мадрид, среќата му го сврте грбот.

Повредите го „убија“, но „кралскиот клуб“ сепак верува во Азар, што е потврдено со изјавата на Зинедин Зидан.

„Секако, се надеваме дека ова ќе биде негова година. Сигурни сме во него. Му беше тешко, но убедени сме дека може да ни помогне“, рече Зидан.

„Дојде овде за да покаже за што е способен. Малку по малку ќе го видиме повторно во составот“, додаде тренерот на Реал.