Фудбал
Во спотот за новиот дрес на ПСЖ ги има и Нејмар и Мбапе (видео)
ПСЖ ја претстави новата „работна униформа“ за сезоната 2019/20. Во видеоспотот наменет за новиот дрес се појавуваат и Нејмар и Мбапе, што по обичај значи дека и двајцата фудбалери ќе останат во Париз, иако ова лето се главни теми на трансфер-пазарот.
За Бразилецот изминатиов период се говори дека е пред враќање во Барселона, додека, пак, за најдобриот стрелец во Лига 1 за минатата сезона кружат шпекулации дека ќе биде идниот „галактико“ на Реал Мадрид.
Сепак, двете најголеми ѕвезди на ПСЖ, по сите изгледи, ќе го носат дресот на францускиот првак најмалку уште една сезона.
C'est l'heure ! Découvrez la nouvelle tunique du @PSG_inside pour la saison 1⃣9⃣/2⃣0⃣ !
Welcome @All
#ICICESTPARIS pic.twitter.com/3GAqXfBheE
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) June 30, 2019