Поврзи се со нас

Фудбал

Во третолигашкото дерби ФК „Брегалница Делчево“ подобра од ФК „Хоризонт Турново“

Во третолигашкото фудбалско дерби помеѓу два поранешни прволигаши, екипата на делчевска Брегалница го совлада конкурентот за највисок пласман во источната конкуренција, екипата на „Хоризонт Турново“. Во еден од најинтересните натпревари одиграни оваа сезона на градскиот стадион „Гоце Делчев“, домаќините победата од 3:2 ја обезбедија во второто полувреме во кое прикажаа подобра игра и заслужено остануваат при врвот на табелата.

Капитените на делчевска Брегалница, Даниел Анастасовски изрази задоволство од победата и најави уште подобри игри на тимот од Делчево.

– Генерална оценка изигравме доста добро, се залагавме истрчавме, знаевеме дека ќе биде тежок натпревар, можеби една од најтешките оваа полусезона. Хоризонт Турново е доста добра екипа, со доста добри играчи, но ние знаевме која е нашата цел, бевме многу мотивирани, излеговме да победиме, рече Анастасовски.

Тој уште додаде дека до крајот на полусезоната има уште 6 кола, а според него најтешко ќе биде против лидерот Чешиново-Облешево.

– Според мене тешко ќе биде во Чешиново, тие се доста добра екипа. Ние сме мотивирани и нашата цел е да избиеме на првото место и да ја внесеме Брегалница таму каде што заслужува, додаде Анастасовски.

Стрелци на денешниот натпревар за домашниот тим беа Илиев, Пешовски и Томи Станоевски. Денешниот натпревар согласно насоките на Фудбалската федерација на Македонија се играше без присуство на публика.

loading...

Facebook