Connect with us

Фудбал

Во земјотресот загина навивач на Галата (17). Тој пред смртта објави видео кое денес е хит

Николо Заниоло (23) сензационално премина од Рома во Галатасарај. Еден од најдобрите млади италијански фудбалери се надеваше на трансфер во Милан, па ја одби понудата од Бурнмаут, но на крајот остана во Рома. Жозе Мурињо го испрати на трибините, па на младиот офанзивец му остана само трансфер во Турција бидејќи таму се уште е отворен преодниот рок.

Момчето со нетрпение го очекуваше доаѓањето на Заниоло кој потпиша за Галатасарај во моментите кога Турција и Сирија беа погодени од разорни земјотреси, кои однесоа повеќе од 17 илјади човечки животи. Меѓу загинатите е и 17-годишното момче Мухамед Емин Озкан. Тој беше голем навивач на Галатасарај, а пред неколку дена сними и видео во кое го пречекува Заниоло.

Тој го објави видеото на социјалните мрежи со надеж дека Заниоло навистина ќе дојде во неговиот омилен клуб. Италијанецот на крајот стигна до редовите на турскиот великан, но Мухамед, за жал, не доживеа да го види тоа. Галатасарај дозна се, а информацијата стигна и до самиот Заниоло. Италијанецот реши да го носи бројот 17 на својот дрес во чест на 17-годишниот Мухамед Емин.

Галатасарај го вклучи делото на Мухамед во нивното видео од претставувањето на Заниоло на социјалните мрежи и со тоа ја воодушеви спортската јавност.

Во Турција преодниот рок трае до средината на февруари, а Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо, најсигурни извори од пазарот, пренесуваат дека договорот на Заниол е на три и пол години со годишна плата од 3,5 милиони евра.

Споменатите извори наведуваат дека Рома сепак се согласила значително да го намали претходното побарување за обештетување и дека добива меѓу 20 и 22 милиони евра. Без разлика на попустот што го доби Галатасарај, и со ова обештетување, Заниоло станува убедливо најскапиот дојдовен трансфер во историјата на Турција.