Тајмаут
Водителката ја обвинија дека нимфоманка и дека со с*кс им ги уништува кариерите на спортистите, сите на Вимблдон зјапаа во неа (ФОТО)
Белиот спорт отсекогаш бил мамка за познатите личности, особено на Вимблдон, несомнено најпрестижниот тениски турнир во светот. Третиот овосезонски Грен слем влегува во завршна фаза и веќе се познати четвртфиналистите. Во 1/4 ќе го нема Матео Беретини, кој имаше одличен настап зад себе, а во осминафиналето беше елиминиран од Карлос Алкараз со 3:1 во сетови.
Освен што Беретини е разочаран од елиминацијата, истото важи и за неговата девојка Мелиса Сата која доста емотивно го следела секој настап на своето момче.

Италијанецот долго време паузираше поради повреда, а интересно е што Сата беше обвинета дека е премногу сладострасна и всушност со секс уништила уште една кариера, откако „прерано“ нејзиното поранешно момче, познатиот фудбалер Кевин Принс Боатенг испадна од врвната фудбалска сцена, пишува порталот „СпортСпорт“.
Сата беше во центарот на вниманието на дуелот против Алкараз и делуваше максимално фокусирано. Таа енергично го бодреше Беретини и бурно ја славеше секој поен на нејзиниот партнер. Сепак, Шпанецот едноставно беше супериорен и заслужено ја однесе победата и се пласираше меѓу осумте најдобри. Беретини претходно го совлада Александар Зверев, а Сата во еден момент беше толку нервозна што не можеше да ги гледа решавачките поени, па ги затвори очите.

