Кошарка
Војдан Стојановски потпиша за МЗТ Скопје
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го донесе капитенот на македонската репрезентација Војдан Стојановски.
Војдан Стојановски во МЗТ Скопје ќе настапува заедно со неговиот брат Дамјан и во клубот очекуваат да биде еден од клучните играчи во одбраната на титулата во домашното првенство, но промоција во јадранската лига преку АБА2 лигата.
За Војдан Стојановски потписот за МЗТ Скопје, воедно претставува враќање во македонската клупска кошарка по повеќе од една деценија, откако во 20111 година потпиша за Черкаси Мавпи.
Потоа во кариерата играше и за Алба Берлин, Андора, Реал Бетис, Бујукчекмече, Олденбург, По Ортез и Гравелин. Претходно Војдан Стојановски има играно за Вардар, АМАК-СП, Напредак Крушевац и за Фени индустри, а сега во МЗТ Скопје ќе настапува заедно со својот брат-близнак, Дамјан.
Неговиот договор со аеродромци е до крајот на сезоната, со можност за евентуално понатамошно продолжување на соработката.