Connect with us

Фудбал

Волен Чинков со три комбинации од УЕФА

Волен Чинков и неговиот помошник Дениз Соколов добија судиски наредби за три европски квалификации од групата 2 од елитниот круг за јуниори до 19 години во Франција.

Судијата ќе ги води натпреварите Чешка – Босна и Херцеговина на 23 март, а Шведска – Чешка на 29 март. Натпреварите ќе се играат во францускиот град Дакс, во близина на Бордо.

Чинков ќе биде и четврти судија на натпреварот Франција – Чешка на 26 март во швајцарски судиски тим, додека Соколов ќе биде втор асистент.