Connect with us

Други спортови

Возбудлив велеслалом во Кронплац: Ворли славеше, жестока борба за Кристалниот глобус

Published

on

Најдобрите скијачи на светот возеа велеслаломска трка во Кронплац, Италија во рамките на Светското првенство. Трката понуди многу возбуда.

Триумфот го оствари искусната Теса Ворли од Франција со време од 2: 11,38 по две возења. Второто место и припадна на Лара Гут-Бехрами од Швајцарија (2: 11,65), а третото место и припадна на локалната скијачка Марта Басино (2: 12,11)

Трагичар на денот е Швајцарката Мишел Гисин. Таа беше лидер по првото возење, имаше водечко време на минување во второто, но четири порти пред самиот финиш направи грешка и заврши на шестата позиција. Лошо второ возење имаше и Михаела Шифрин, која заврши на 4. место по второто. Одлична беше Мета Хроват од Словенија, освојувајќи го петтото место.

Во трката ТОП 10 завршија Гоџа, Брињоне, Робинсон и Хектор. Резултатот на кариера го постигна, Марина Гасиница – Даниел, која го зазеде 11. место, по 24. позиција во првото возење. Петра Влхова го скија најлошиот велеслалом во сезоната и заврши на 12. место.

Денешната трка придонесе за жестока борбата за Големиот кристален глобус на Светското првенство. Петра Влхова остана лидер со 883 поени, но Гисин, Гут-Бехрами и Басино ја стопија предноста. Гисин има 783, Гут-Бехрами 747, а Басино 715 поени.

Во конкуренција на велеслалом, Басино остана лидер со 460 поени, Ворли беше втора со 336, а Гисин беше трета со 312. До крајот на сезоната остануваат уште две трки во велеслалом во Јасна и Ленцерхаид.

Advertisement

Facebook