Connect with us

Фудбал

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Јувентус „крвареше“ во Лион, ама буквално

Јувентус загуби на гостувањето кај Лион со 1:0 и се наоѓа пред проблеми за пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, натпреварување кое е приоритет оваа сезона за неколкукратниот шампион на Италија.

По една мешаница во шеснаесетникот Матијас Де Лихт заработи повреда, која изгледаше навистина страшно, по судирот со неговиот соиграч Алекс Сандро. Но, сепак на крајот се покажа дека повредата нема сериозно последици по играчот.