Connect with us

Фудбал

ВОЗНЕМИРУВАЧКО!!! Фудбалер за време на натпревар доживеа срцев удар (ВИДЕО)

Страшни сцени ни пристигнуваат од Катар од натпреварот Ал Рајан – Ал Вакра. Фудбалерот на Ал Вакра, Усман Кулибали доживеал срцев удар и итно бил префрлен во болница.

За среќа неговата состојба е добра. Се појави првото видео од болницата на кое се гледа дека фудбалерот на Мали е во свесна состојба.

Пофалби секако одат за лекарскиот тим на стадионот кој брзо реагираше и животот на Кулибали беше спасен.

Треба да се напомене дека натпреварот веднаш беше прекинат, а некои фудбалери плачеа на теренот.

Усман Кулибали има 32 години и е роден во Париз. Играше за репрезентацијата на Мали и забележа 16 настапи.

Овој дефанзивец својата професионална кариера ја започна во Генгамп. Потоа настапуваше за Брест, а во 2014 година се пресели во Грција.

Таму играше за Платанијас две години, а потоа три сезони за големиот Панатинаикос.

Речиси три години е во Катар и има одиграно 40 натпревари за Ал Вакра.