Connect with us

Фудбал

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Хулигани нападнаа мајка и тинејџер, го претепаа момчето, само поради маичката (ВИДЕО)

Нов хулигански напад се случи синоќа во Бишче поле кај Мостар, БиХ,  а судејќи по видеото, нападнати се мајка и син. Според читателите на порталот Бљесак.инфо, младиот човек носел маица со амблемите на навивачката група Зрињски, која го соблекла група маскирани лица. Претходно вчера, навивач на Астон Вила беше нападнат и во Улица „Маршал Тито“ .

Во текот на денот, наводно имало уште еден напад на навивач на Астон Вила во Стариот град при што му биле одземени работите. Да потсетиме, Зрињски ја заврши историската европска есен со неверојатен спектакл против англискиот гигант и еден од најдобрите светски тимови во моментов.

Шампионот на Босна и Херцеговина одигра 1:1 со Астон Вила пред полните трибини на стадионот и со тоа го заврши настапот во Европа за оваа сезона.