Фудбал
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Не било коленото, туку зглобот, противнички фудбалер му ја уништи кариерата на талентот на Ливерпул
Ливерпул лесно славеше на гостувањето кај Лидс со 3:0, но овој меч ќе се памети по страшната повреда на талентираниот англиски фудбалер Харви Елиот, кој оваа сезона доби шанса кај Јурген Клоп.
Играчот за врска, кој има само 18 години, го чека долга пауза. Имено, иако првично англиските медиуми објавија дека има скршеница на коленото, сепак станува збор за скршеница на зглобот на ногата, откако зад грб врз него стартуваше Паскал Страјк од Лидс.Сето тоа што се случуваше беше во 60-та минута, а Страјк доби директен црвен картон.
Харви Елиот се огласи од амбулантно возило, заблагодарувајќи се за поддршката и порача дека го чека пат за опоравување.
Harvey Elliott has shared an update on Instagram thanking fans for their messages. pic.twitter.com/bI0xNYEN05
— DaveOCKOP (@DaveOCKOP) September 12, 2021
Сигурно дека Елиот ќе се врати повторно да игра фудбал, не се знае колку ќе паузира, сигурно ќе биде долго, но може да се каже дека противничкиот играч практично му ја уништи кариерата бидејќи на 18 години е во победм и добива се поголема доверба од тренерот Јурен Клоп.