Други спортови
Врнежи во Париз и утрово, нови поместувања на распоредот на Ролан Гарос
Дождот и денеска причина за менување на распоредот на Ролан Гарос.Врнежите во Париз ги прекинаа мечевите и од претпладневната програма, а не беа довршени ниту оние кои беа прекинати од идентична причина вчера вечер.
Огранзаторот уште еднаш се увери дека ќе мора што поскоро да се направи подвижен кров, кој е тема на размислување веќе неколку години наназад.
Годинава беше објавено дека токму поради инвестирањето во покривањето на терените догодина Ролан Гарос нема да може значително да го зголеми наградниот фонд, кој годинава е рекорден и изнесува 39 милиони евра, бидејќи треба да вложи околу 400 милиони евра за изградба на подвижен покрив на централниот терен Филип Шатрие.