Кошарка
Втор пораз за МЗТ Скопје во АБА2 лигата
Македонскиот шампион МЗТ Скопје попладнево во Златибор загуби од Хелиос со 87:83 на вториот турнир во АБА2-лигата.
Избраниците на тренерот Васко Атанасов не успеаја да се радуваат на победата и покрај тоа што во второто полувреме водеа со 15 поени разлика.
За МЗТ Скопје ова беше втор пораз во третиот натпревар од регионалното кошаркарско натпреварување.
Најефикасни во македонскиот состав беа Војдан Стојановски со 19 и Душан Танасковиќ со 18 поени.
Следниот натпревар МЗТ го игра на 16 ноември со Сутјеска.
Другите два македонски претставника во ова натпреварување, Пелистер и ТФТ вечерва од 18 часот ќе имаат меѓусебен дуел.