Ракомет
Втора победа за Вардар – враќање за Толедо
И на вториот контролен меч во 2020 година Вардар победи, овојпат против локалниот ривал Металург со 35-26 (17-15). На дуелот игравме без Даниил Шишкарев, Калифа Гедбан и Артурс Кугис, а првпат во црвено-црниот дрес заигра и Жозе Толедо, нашиот десен бек кој имаше операција на коленото на самиот почеток на сезоната.
Гостите имаа одлично отворање на средбата и поведоа со 8-4, а тоа беше знак дека нешто треба да се менува. И тогаш Вардар тргна во силен налет и направи серија од 11-3 и направи пресврт поведувајќи со 15-11. Оттогаш па се до крајот на средбата „црвено-црните” имаа водство, и највисока разлика од „плус 9″.
За Вардар ова биде уште една можност да се испробаат сите варијантаи пред заминувањето за Германија каде на 5 февруари треба да играме со Кил во 11 коло од ЕХФ лигата на шампионите.
Вардар се подготвува за продлжението на СЕХА Газпром лигата и веќе на 5 февруари треба да игра во Германија против екипата на Кил. Потоа следуваат уште три средби, на домашен терен со Мотор (15 февриари), во гости кај Порто (22 февруари) и последниот меч со Монпелје во Скопје на 29 февруари.