Connect with us

Фудбал

Вучиќ: Очекувам и браќа Македонци вечерва да навиваат за Србија против Бразил

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека очекува и Македонците вечерва да навиваат за српската репрезентација, која го почнува настапот на Светското првенство во Катар со дуелот со Бразил. Тој смета дека за Србија ќе се навива и во Република Српска, Црна Гора и Косово.

„Верувам дека и браќата Македонци, односно најголемиот дел на Северна Македонија, ќе навиваат за Србија, како што ние навивавме за нив на Европското првенство“, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека се слушнал со селекторот Драган Стојковиќ за да им посака успех и им се заблагодари на фудбалерите што ги запоставија своите семејства за да тренираат и борат за својата земја.

„На кратко ќе бидам со нашите војници вечерва, кои поминаа низ тешко време во изминатите недели, а потоа ќе се тргнам, за да не бидам малер“, рече Вучиќ.

Стојковиќ најави дека Душан Влаховиќ ќе го предводи нападот на Србија, зашто Александар Митровиќ не е целосно подготвен.

Facebook

Реклама