Connect with us

Фудбал

Вудворд се прославил со неговите понуди за Санчо

Манчестер, 6 октомври 2020 (МИА) – Сагата околу трансферот на Џејден Санчо во Манчестер Јунајтед засега заврши безуспешно.

Информациите за смешните обиди на Ед Вудворд да се склучи зделка, дури и без приближување до цената што ја побарала Борусија (Дортмунд), продолжуваат.

Според „Атлетик“, Манчестер Јунајтед, чија последна понуда од 80 + 20 милиони евра логично беше одбиена од „жолто-црните“, првично дури била за помалку пари отколку што Санчо моментално добива. Според изворот, „црвените ѓаволи“ му ветиле на англискиот репрезентативец 110.000 фунти, колку што има уште едно ново засилување на Јунајтед – Дони ван де Бик. Санчо, од друга страна, се надеваше на сосема друга плата – 250.000 неделно.

Втората понуда до самиот играч, која беше направена на почетокот на август, беше за истите пари што Санчо ги добивал на „Сигнал Идуна Парк“. И двата предлога беа одбиени од таборот на крилото.

Дури во втората недела од септември, двете страни постигнале чекор напред во преговорите и се договорија едни со други. Во ниту еден момент, Вудворд немаше намера да се приближи до цената што ја побарала Борусија, бидејќи вкупната вредност на целиот можен трансфер ќе биде 227 милиони фунти – 108 милиони трансфер, плус плати, плус провизија на агентот.

Борусија категорично одби да ја намали сумата поради несериозниот однос на англискиот клуб кон нивните финансиски побарувања.