Поврзи се со нас

Фудбал

За два месеци легендата Чави се враќа во Барселона?!

Враќањето на Чави Ернандез во Барселона ќе се случи пред април. Четириесетгодишниот фудбалски стручњак во моментов е главен тренер на катарскиот клуб Ал-Сад. Претседателските избори во Барселона ќе се одржат во јануари, но Чави нема да го напушти Ал-Сад до крајот на сезоната во Катар.

Објавено е дека доколку Виктор Фонт победи на изборите, Чави ќе стане генерален директор на тимот, а Жорди Кројф ќе биде спортски директор.

Сегашниот тренер на Каталонците, Роналд Куман ќе ја заврши сезоната, но во случај на неуспешни резултати, Чави ќе го замени за следната сезона.

 

Facebook

loading...