Фудбал
За германците дождот не е проблем, студио на терен и на трибина, со 110 луѓе прават пренос од Скопје
Репрезентациите на Македонија и Германија вечерва се сретнуваат во Скопје. А РТЛ пристигна во Скопје со неколку шлепери, еден тон најнова технологија за реализација на овој преност.
Пред почетокот на натпреварите, тие имаа и отворено студио во живо од терен, но и од трибините каде монтираа и специјално студио.
Според наши информации во Скопје пристигнати се 110 лица за реализација на овој пренос.
Ова нека биде само пример и поттик за нашите ТВ куќи кои одвојуваат 0 минути и 0 денари за спортот.

Фото: M. Ников