Connect with us

Други спортови

За хејтерите бакнеж, Ѓоковиќ на шмекерски начин му ја затвори устатата на провокаторот (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, откако го совлада Карен Хачанов со 3:1 во сетови! Новак малку полошо го отвори мечот, го загуби првиот сет, а потоа во продолжението стисна на гаста и го „збриша“ рускиот тенисер. За време на турнирот, српскиот ас неколку пати се „судри“ со публиката која очигледно не е на негова страна, па Ѓоковиќ покрај противникот преку мрежата мора да се бори и со друг противник. За време на денешниот натпревар еден навивач често дофрлуваше кон Ѓоковиќ, а по победата третиот светски рекет го „поздрави“ навивачот и му ја затвори устата со шмекерски гест.