Фудбал
За малку ќе изгореше жив во него, на албанскиот фудбалер му се запалило ферарито, едвај се спасил!
Албанскиот фудбалер Ељсеид Хисај (30) избегнал трагедија откако успеал да излезе од своето Ферари кое целосно изгорело. Засега не се знае што се случило и што и претходело на несреќата, познато е само дека Хисај се возел во Ферари со таткото на неговата сопруга, а потоа се запалил автомобилот вреден 160.000 евра. Работата да биде уште полоша, вратата од автомобилот била блокирана и најпрвин двајцата не можеле да излезат од возилото!
Според информациите на италијанските медиуми, ги следела и сопругата на фудбалерот, која видела дека Ферарито застанало и гори. Тогаш и таа им пришла на помош и во последен момент успеале да се спасат.
„За среќа, никој не е повреден. Фала му на Бога, успеавме да избегнеме трагедија“, изјави Хисај за „Il Mesaggioro“.
Според првите претпоставки автомобилот се запалил поради грешка во производството, а дали Албанецот во иднина ќе купи уште едно возило од овој производител ќе видиме. Инаку, тој е страствен колекционер на скапи автомобили, па во колекцијата има Порше 911 Турбо, Ауди С8, Мерцедес, Ламборџини Хуракан…